Во Австрија уапсени две лица поврзани со нападите во Париз

16.12.2015 15:57

„Проверките дали се работи за поврзаност се во тек“, објави гласноговорникот на обвинителството во Салзбург, Роберт Холцлеитнер...

Две лица се осомничени за поврзаност  со сторителите на џихадистичките напади во Париз во кои на 13 ноември се убиени 130 лица, се уапсени во бегалскиот центар во Салзбург во Австрија, објави државното обвинителство.

„Проверките дали се работи за поврзаност се во тек“, објави гласноговорникот на обвинителството во Салзбург, Роберт Холцлеитнер.

Дневниот весник Кронен Цајтунг  пишува дека станува збор за двајца осомничени француски државјани кои во Австрија дошле од Сирија  во октомври со фалсификувани пасоши, заедно со сторителите на нападите.