Украина ја прекинува трговијата со Крим до средината на јануари 2016

16.12.2015 15:59

Арсениј Јацењук истакна дека се уште не е донесена одлука дали неговата земја ќе продолжи да го снабдува Крим со струја...

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук соопшти дека Украина до средината на јануари 2016 ќе ги прекине сите трговски врски со Крим, територија што е под контрола на Русија.

Арсениј Јацењук истакна дека се уште не е донесена одлука дали неговата земја ќе продолжи да го снабдува Крим со струја. Тој најави дека Украина планира да забрани извоз за Крим , освен хуманитарна помош и важни прехрамбени производи.

Непознати сторители во ноември ги разнесоа далноводите кои спроведуваат електрична енергија до Крим и без струја оставија регион со два милиона луѓе.

Кримските претставници на власта не соопшуваат колкава штета се очекува од забраната  за  увоз, но најавија интензивирање на увозот од Русија.

Русија го презема управувањето со Крим во март 2014 година, а украинските власти сметаат дека тоа е окупација на дел од територијата.