Бесими во Софија на средби со Митов и Кунева

17.12.2015 09:50

Во рамки на посетата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, тој ќе има средби со министерот за надворешни работи на Бугарија Даниел Митов...

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Бугарија.

Во рамки на посетата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, тој ќе има средби со министерот за надворешни работи на Бугарија Даниел Митов и со вицепремиерот за координација на европските политики и институционалните прашања Меглена Кунева.