Земјоделските субвенции редовно се исплаќаат

17.12.2015 11:15

Земјоделските субвенции редовно се исплаќаат. Од предвидените 101 милион досега се исплатени повеќе од 90 милиони евра. За одредени мерки каде што пријавувањето е подоцна, исплатата ќе се реализира според планираното...

Од вкупно 101 милион евра во периодот од јануари до ноември се исплатени повеќе од 90 милиони евра.

Остатокот ќе се исплати до крајот на годинава пред се на поледелците и на лозарите со што ќе изврши целосна исплата на субвенциите за 2015 година.

Според Министерството, задоцнување од еден месец има во поледелството, заради продолжувањето на рокот за поднесување на барањата.

Во 2015-та година се исплати родот на тутунот за 2014-та, во износ од 1,4 милиони денари, за угинатите грла од болеста син јазик 55 милиони, а досега за штетите од поплавите вкупно се исплатени 314 милиони на 2.800 лица.

Методија Трајков