МВР: За 24 часа издадени 3.291 потврди за азил
За речиси шест месеци, според податоците на МВР издадени се потврди за азил на вкупно 345.211 странски државјани...

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.291 странски државјани, од кои 1.397 се од машки пол, 712 се од женски, 1.153 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 29 дете кои патува без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.451, Авганистан–962 и Ирак-878.
За речиси шест месеци, според податоците на МВР издадени се потврди за азил на вкупно 345.211 странски државјани, од кои, 191.528 се од машки пол, 56.680 се од женски, 79.057 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.946 деца кои патуваат без родител.
Најбројни се државјаните на Сирија-197.067 потоа Авганистан-84.460, Ирак-42.243, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
