Битолските еврејски гробишта се преуредуваат во Меморијален парк
Со потпишување на меморандумот и симболично засадување на 50 фиданки започна реализацијата на проектот преуредување на битолските Еврејски гробишта во Меморијален парк. Претставниците од Израел дека ова е нов мост преку кој уште повеќе ќе се поврзуваат пријателските односи помеѓу двете пријателски земји и на економски план...

Битолските еврејски гробишта се преуредуваат во Меморијален парк. Со засадување на 50 садници започна реализацијата на проектот посветен на етничката заедница, жртва на холокаустот и нејзините предци, кои испишале многу страници од историската книга на Битола. Новата културно- урбанистичка атракција ќе биде поттик да ја продолжиме, тажната приказна велат потомците.
„Од тука, на нивните вечни почивалиште ќе ги дополнуваме страниците од нивната богата историја како дел на Битола“, вели претседателката на Еврејската заедница во РМ, Берта Романо Николиќ.
Овој меморијален комплекс ќе го зацврсти сеќавањето за етничката за едница која ја одведоа во концентационите логори и никогаш повеќе не се врати.
„Со изградбата на овој меморијален парк сите ќе придонесеме во заштитата на историското наследство на етничката заедница која на овие простори опстојувала над пет века“, рече министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска.
„Со овој проект ни се отвора уште еден пат да се запознаеме со историското минато на евреите, но и на нашиот пријател Република Македонија“, вели амбасадорот на Израел во нашата земја, Дан Оријан.
Изградбата на Музејот на холокаустот во Скопје и релизацијата на други културни проекти не се случајни. Државата Израел е наш голем пријател со кој во изминатите дваест години градевме реалиции. Не е далеку денот кога вакви настани ќе имаме и на економски план, вели министтерот Џери Наумов.
„Интензивно работиме на привлекување на израелски инвеститори и очекуваме многу брзо да ги почувствуваме ефектите“ вели министерот задолжен за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумов.
Во таа насока тим од Битола идниот месец патува за Израел. Посета која треба да ја отвори вратата за уште поплодна соработка.
Стевче Митревски
