Подобрување на инфраструктурата во општина Илинден

17.12.2015 12:11

Покрај санацијата на овие две улици, информираат од локалната самоуправа, во Ајватовци изградена е пешачко-излетничката патека што води кон излетничото место во ова населено место во должина од 770 метри...

Oпштина Илинден ги санира и асфалтира улиците „4“ и „5“ во населено место Ајватовци  во вкупна должина од 400 метри. Вкупната инвестиција изнесува 2 милиона денари, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

Покрај санацијата на овие две улици, информираат од локалната самоуправа, во Ајватовци изградена е пешачко-излетничката патека што води кон излетничото место во ова населено место во должина од 770 метри.

Со проектните активности се овозможи целосно уредување на пешачко-излетничката патека со асфалтирање и нејзино осветлување, а претстои поставување на клупи и корпи за отпадоци, со што излетничката патека целосно ќе ја доби својата функционалност, истакнуваат од општина Илинден.

Вкупната инвестиција за овој проект што општината го реализира преку Програмата за рурален развој на Владата на Република Македонија, изнесува 6,8 милиони денари.

Од општината посочуваат дека во насока на создавање услови за развој на спортот, во нм. Ајватовци е изградено и повеќенаменско игралиште кое што ќе им биде ставено на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување.