Од идната година субвенции на каматите за ИПАРД кредитите

17.12.2015 13:05

Oваа нова владина мерка ќе биде наменета исклучиво за ИПАРД корисниците, а ќе почне да се спроведува од наредната година...

Од идната година ќе се субвенционираат каматите за користење на средствата од предпристапните фондови на ЕУ. Оваа владина мерка ќе биде наменета само за овие корисници, најави министерот за земјоделство.

Како што рече министерот Цветков на Агро-бизнис форумот, оваа нова владина мерка ќе биде наменета исклучиво за ИПАРД корисниците, а  ќе почне да се спроведува од наредната година.

Со оваа мерка ќе бидат опфатени корисници на ИПАРД средства кои имаат потпишано договор со Платежна агенција и ќе важи за сите банки во Македонија. Државата ќе субвенционира половина од каматната стапка која не може да биде поголема од осум отсто и за вредност на кредит не поголем од 500.000 илјади евра, објасни министерот.

За подобро да се разберат овие мерки, Секторот ИПАРД при Министерството за земјоделство од вчера почна со одржување инфо денови низ повеќе градови низ Македонија.