На обвинетите од „Дива населба“ ќе им се суди за тероризам
17.12.2015 13:31
Приговорите се одбиени, бидејќи Советот оценил дека тие се дел од одбраната и е потребно да се одржи главна расправа, за по проверка на доказите да се утврди што точно се случувало...

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд во Скопје го одобри обвинителниот акт против 29-мина, кои се товарат за формирање терористичка организација и тероризам, поврзани со мајската оружена пресметка во кумановската населба „Тоде Мендол“.
Приговорите се одбиени, бидејќи Советот оценил дека тие се дел од одбраната и е потребно да се одржи главна расправа, за по проверка на доказите да се утврди што точно се случувало.
Се очекува во претстојниот период да се закаже термин за расправата.
