„Купи куќа за млади“- нов проект за поддршка на младите до 35 години

17.12.2015 14:32

Државата ќе им помогне на младите до 35 годишна возраст да дојдат до сопствен дом, да купат куќа, да ја изградат или да ја доградат...

Владата лансираше проект за купување куќи, за млади луѓе до 35 години. Предвидени се два модела- субвенционирање на рататата во рок од 11 години, во првите 8 години државата ќе покрива 80 отсто од каматата, а вторите 3 години- 50 отсто.

На пример, за кредит од максимум 50 илјади евра, за рата од 200 евра, во првите 8 години ќе се покриваат 160 евра од државата, а во следните 3 години- 100 евра. Каматните стапки, пак, остануваат како и во проектот „Купи куќа, купи стан“.

Вториот модел е субвенција од 100 проценти за покривање на учеството за куќа. Каматата е фиксна, 4,5 проценти.

„Токму младите семејства се тие кои тукушто започнуваат да создаваат сопствен дом и имаат приоритет. Најдоцна од 1 февруари 2016 година ќе стартува нов проект „Купи куќа за млади“. Проектот ќе значи сериозно, драматично и извонредно позитивно унапредување на условите за купување куќа за млади преку дополнителни поволност“, соопшти на денешната прес конференција премниерот Никола Груевски.