Можности за соработка во земјоделството и туризмот меѓу Македонија и Унгарија

17.12.2015 14:46

Двете комори го лоцираа потенцијалот во земјоделството и туризмот како сектори кои во најголем дел ќе придонесат за зголемување на трговската размена меѓу двете земји...

Сојузот на стопански комори на Македонија, потпиша меморандум за соработка со Унгарската комора за трговија и индустрија (HCCI). Двете комори го лоцираа потенцијалот во земјоделството и туризмот како сектори кои во најголем дел ќе придонесат за зголемување на трговската размена меѓу двете земји.

На средбата претседателот на Туристичко Угостителската Комора при Сојуз на стопански комори на Македонија,  Аркан Керим и претседателот на Унгарска комора за трговија и индустрија, Ласло Параг констатираа дека се големи можностите за повисоки форми на соработка, како заеднички вложувања и настапи во трети земји на меѓународни тендери, заедничко финансирање на производството, реализација на потенцијални развојни проекти, како и обука на кадри за следење на новите технологии.

Исто така, се дискутираше за трансфер на знаење, за искористување на средствата од Европската Унија од програмите Косме и Хоризонт 2020, како и споделување на искуство во подготвување на проекти и заеднички инвестиции за ИПАРД програмите во агробизнисот. 

Делегацијата на Сојузот на стопански комори на Македонија во рамки на официјалната посета на Будимпешта, оствари средби и со официјални претставници од Министерството за економија,  од секторот туризам.

Вкупната трговска размена меѓу Македонија и Унгарија годишно е над 100 милиони американски долари.