Нови мерки во аграрот

17.12.2015 15:22

Од идната година ќе се субвенционираат каматите за користење на средствата од предпристапните фондови на ЕУ. Оваа владина мерка ќе биде наменета само за овие корисници, најави министерот за земјоделство...

Државата ќе субвенционира половина од каматната стапка на кредитите наменети за земјоделците. Услов е стапката да не биде повисока од осум проценти, а вредноста на кредитот не повеќе од 500.000 илјади евра. Оваа нова владина мерка ќе биде наменета исклучиво за ИПАРД корисниците, а ќе почне да се спроведува од наредната година.

Министерството за земјоделство со УСАИД го воспоставија гарантниот фонд вреден 20 милиони долари. Фондот треба да обезбеди гаранција за 50 проценти од главнината на кредитот.

Земјоделците заинтересирани за инвеситиции во аграрот, само така ќе можат да им конкурираат на европските производи.

До 25-ти декември, земјоделците и сите заинтересирани ќе можат да добијат конкретни информации за можностите што се нудат преку новитетите.

 

Дијана Ценевска