Новоизбраните членови на ДИК дадоа свечена изјава
Ќе работат според Уставот и законите. Претседателот на комисијата Александар Чичаковски вели дека комисијата ДИК ќе работи за одржување слободни и фер избори...

Ќе одлучуваме исклучиво врз основа на факти, а вработените ќе имаат целосна поддршка за професионално и стручно извршување на задачите. Новите членови на Државната изборна комисија дадоа свечена изјава пред спикерот Трајко Вељаноски. Ќе работат според Уставот и законите. Претседателот на комисијата Александар Чичаковски вели дека комисијата ДИК ќе работи за одржување слободни и фер избори.
„Се надеваме и на поддршка од сите актери во изборниот процес, најпрво за навремено кадорвско и техничко екипирање на ДИК и усвојување методологија за прочистување на избирачкиот список, а потоа и за создавање услови за спроведување фер и слободни избори“, изјави Александар Чичаковски, претседател на ДИК.
За потпретседател на ДИК беше избран Реџеп Прекопуца, кој со претседателот и Атанас Урумов се бирани од редовите на експертите.
Членови на комисијата се Силвана Бонева и Сашо Срцев на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев на предлог на СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедередин Ибраими на предлог на ДПА.
Изборот беше договорен на последната лидерска средба, а како обврска од Договорот на Пржино.
Фиљана Кока
