Пробиени роковите од Законот за приватноста

17.12.2015 17:20

До Јавното обивителство се уште не стигнале материјалите од прислушуваните разговори што ги поседува СДСМ, иако, според Законот за заштита на приватноста, еден од договорените во Пржино, партијата иамше таква обврска. Аналитичари со став – ваквата постапка на Заев отвара низа дилеми, пред се за вистинитоста на она што во изминатиот период го говореше.

Пробиени роковите што произлегоа од Законот за заштита на приватноста, еден од договорените во Пржино. СДСМ не ја испочитува обврската да ги предаде материјалите кои ги поседува до Специјалното јавно обвинителство.

„Секој кој поседува материјали од незаконско следење на комуникации согласно со Член 1 од овој закон е должен во рок од 20 дена од денот на влегување во сила на овој закон да му ги предаде материјалите на надлежниот јавен обвинител, согласно со закон“- се вели во законот кој беше донесен во почетокот на ноември.

Ваквата постапка на Заев отвора низа дилеми - за вистинитоста на она што во изминатиот период го говореше и за обид за пролонгирање на изборите- вели политичкиот аналитичар, Владимир Божиновски.

„Лидерот треба да одговори зошто го прави. Може е обид за пролонгирање... Имавме примери за изборот за ДИК, опозицијата одолговлекуваше. Но отвара дилема и колку дали она што го говореше лидерот е точно. Едноставно се калкулира. Преку ова се прави и одреден притисок на целта што ја имаат. А тоа е одложување или пролонгирање на изборите“, смета Божиновски.

Од СДСМ вчера изјавија дека причината за недоставувањето на материјалите до специјалното обвинителство е поради тоа што таму не биле обезбедни услови за нивно чување.

Аналитичарот Божиновски вели дека ваквото однесување на СДСМ е нов обид за пролонгирање на изборите.

Политичкиот договор од Пржино во најголем дел е исполнет, со помало или поголемо задоцнување од предвидените рокови.

 

Наташа Гркова- Петрушевска