Се разбуди Розета, европскиот ловец на комети
По 31 месец хибернација, се разбуди ловецот на комети Розета на Европската вселенска агенција.

По 31 месец хибернација, се разбуди ловецот на комети Розета на Европската вселенска агенција. Сигналот дека Розета е активна вчера вечер го примија контролорите во Дармштад, Германија, пренесува „Би-Би-Си“.
Розета изминатите 957 дена ги помина во хибернација за да зачува енергија бидејќи ја напушти орбитата на Јупитер за да се сретне со кометата „7П/Чурумов- Герасименко“ во август годинава.
Инжењерите сега ги подготвуваат финесите за траекторијата на Розета и инструментите за предизвикувачката комента со којашто европскиот ловец треба да оствари средба.
По влегувањето во орбитата на кометата „7П/Чурумов- Герасименко“ во ноември, Розета ќе испушти лендер „Филе“, чија задача ќе биде да направи дупка длабока 20 сантиметри во кометата, да земе примерок од површината за анализира, а резултатите да ги испрати во лабораторија.
Научниците и инжењерите кои работат на овој проект очекуваат оваа мисија да даде податоци за природата на самата комета и поранешните денови на Сончевиот систем.
Розета беше лансирана во март 2004 година, а за десет години престој во вселената три пати прелета покрај Земјата, за да го искористи нејзиното гравитационо поле, и да го забрза летањето, а еднаш покрај Марс со истата цел.
