„Се бориме за секое работно место“ - нова акција за нови вработувања
АВРМ и ресорното Министерство ќе ја засилат соработката со работодавачите, инвеститорите и активните баратели на работа. Според Спасов, 28- те мерки за вработување покажале позитивни резултати, а со тоа невработеноста падна на рекодни 25,5 насто...

Преку форуми, отворени денови и посети на општини ќе се информираат невработените за бројот на слободните работни места, а компаниите за поволностите од активните мерки и програми за вработување. Со почетокот на 2016-та, стартува проектот „Се бориме за секое работно место“.
АВРМ и ресорното Министерство ќе ја засилат соработката со работодавачите, инвеститорите и активните баратели на работа. Според Спасов, 28- те мерки за вработување покажале позитивни резултати, а со тоа невработеноста падна на рекодни 25,5 насто.
„Ќе оствариме средби со компаниите од секоја општина, ќе бидат поканети сите компании кои сакаат да учествуваат, понатаму форуми со млади и невработени лица, активни баратели на работа, невработени лица од 30 до 40 години, како и со повозрасни лица над 50 години“, вели заменик- министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Дел од акцијата ќе бидат и отворените денови, презентации и кариерни советувања. Секој понеделник, среда и петок оваа обврска ќе ја имаат сите директори на центрите за вработување. Според последните податоци, во Македонија има над 4.900 работни места во домашни и странски компании.
„Да допреме до сите оние компании кои можеби сеуште немаат информација што нудиме за нив, да ги понудиме нашите услуги и можности. Воедно со овој проект ќе продолжиме да ја зајакнуваме довербата меѓу Агенцијата за вработување и нашите клиенти, а тоа се невработените и работодавачите“, изјави директорот на АВРМ, Влатко Поповски.
Оперативниот план за активни мерки и политики за вработување се очекува да отворaт нови 8.700 работни места.
Викторија Милевска
