Полесно до сопствен дом со „Купи куќа за млади“
Од утре и во Министерството за финансии стартува да работи канцеларијата „Kупи куќа за млади“. Сите заинтересирани ќе можат да се информираат како да добијат субвенција од владата...

Почнува кампањата за информирање на граѓаните за поволностите со кои можe да дојдат до сопствен дом. Предвидени се сет мерки: од поволните услови за купување градежно земјиште за изградба на куќа по едно евро за квадрат, преку големата финансиска помош од проектот „Kупи куќа за млади“, па се до бесплатните проекти за изградба на куќа со кои се заштедуваат од 900 до 2.000 евра.
„Во следниот период ќе спроведеме една добра информативна активност преку која ќе ги запознаеме сите потенцијални корисници кои ги исполнуваат предвидените услови, за да им ги доловиме конкретните модалитети и акспекти, се со цел на еден ефективен начин да се стекнат со можноста да изградат сопствена куќа“, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Од утре и во Министерството за финансии стартува да работи канцеларијата „Kупи куќа за млади“. Сите заинтересирани ќе можат да се информираат како да добијат субвенција од владата. Пресметките покажуваат дека заштедите може да достигнат и до 33.000 евра.
Сунчица Николоска
