Сѐ повеќе млади страдаат од срцеви заболувања

22.12.2015 16:36

Еден од најмладите со стент има само 26 години – вели доктор Сашко Кедев, кој е меѓу најреномираните кардиолози во земјава. Тој рече дека стапката на ова заболување кај нас и во светот е многу висока, но со новите методи се продолжува животниот век.

Ако порано срцевите заболувања беа карактеристични за возрасните, сега се повеќе млади завршуваат на Клиниката за кардиологија. Еден од најмладите со стент има само 26 години – вели доктор Сашко Кедев, кој е меѓу најреномираните кардиолози во земјава. Тој рече дека стапката на ова заболување кај нас и во светот е многу висока,  но со новите методи се продолжува животниот век.

„После 45 минути од почетокот на градна болка, со инфаркт на предниот ѕид и кај тој пациент беше 100% окулдирана левата артерија. Тоа е стент кој после година дена почнува полека да се разградува, а после 3-4 години комплетно се губи и се трансформира во вода и CO2“, вели проф. д-р Сашко Кедев – директор на Клиниката за кардиологија.

Доктор Кедев, како нов дописен член на МАНУ во делот на медицинските науки,  оддржа предавање за новите пристапи во кардиологијата.

„На секој пациент со својот осмех и сигурност му влива надеж и го станува од кревет- му вика можеш. Тој е одличен доктор. Од тие негови квалитети произлегоа овие научни дострели и признанија“, вели академик Коле Наковиќ.

Од 2007- та Кедев е претседател на Македонското здружение на кардиолози. Автор и коавтор е на повеќе од 200 научно стручни публикации објавени во земјава и во странство.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска