Турските сајтови цел на сајбер напади
25.12.2015 14:52
Министерот за комуникации Јилдирим ја оцени состојбата како загрижувачка и повика да се зголемат мерките за безбедност.

Од понеделникот турските сајтови се цел на голем број сајберски напади, при што се отежнати банкарските трансакции. Според податоците, нападите доаѓаат надвор од земјата.
Министерот за комуникации Јилдирим ја оцени состојбата како загрижувачка и повика да се зголемат мерките за безбедност.
Медиумите шпекулираат дека нападите доаѓаат од Русија по влошувањето на односите Анкара-Москва.
