Трагедија во Нигерија, најмалку сто загинати во експлозија на фабрика за гас
25.12.2015 17:16
Детонацијата и пожарот биле толку силни, што настрадале и жителите на околните куќи и случајни минувачи, а телата на загинатите биле изгорени до непрепознавање.

Во голема експлозија на цистерна загинаа над 100 Нигеријци кои чекале на ред да се снабдат со гас за да ја зготват божикната вечера. Детонацијата и пожарот биле толку силни, што настрадале и жителите на околните куќи и случајни минувачи, а телата на загинатите биле изгорени до непрепознавање.
Причината веројатно е тоа што цистерната испуштала гас без да запре за задолжителниот период за ладење.
Експлозиите на цистерни не се ретка појава во Нигерија – често ги предизвикуваат самите жители, поради невнимание и обид за кражба на енергенсите.
