Нигерија: 15 жртви во напад на Боко Харам

28.12.2015 10:07

Ова е прв напад на Боко Харам изминатите месеци врз Мајдугури, кој е главен град на провинцијата Борно.

Најмалку 15 лица загинаа во напад на исламистите од Боко Харам во нигерискиот град Мајдугури. Ова е прв напад на Боко Харам изминатите месеци врз Мајдугури, кој е главен град на провинцијата Борно.

Нападот беше извршен откако нигериската влада објави дека воспоставила контрола врз исламистички бунт, во кој загинале над 20 илјади лица во период од шест месеци.