Јужна Америка: 10 жртви во поплави, 160 илјади евакуирани
28.12.2015 10:17
Четири лица загинале во свлечишта во Бразил, две во Аргентина и уште четири во Парагвај.

Најмалку 10 луѓе загинаа, а 160 илјади се евакуирани поради поплавите предизвикани од обилните дождови што ги погодија Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај.
Четири лица загинале во свлечишта во Бразил, две во Аргентина и уште четири во Парагвај.
Според метеоролошката служба, дождовите не се намалуваат, а нивото на реката Парагвај пораснало за речиси 8 метри.
Претседателот на Парагвај прогласи вонредна состојба. Ова се најтешките поплави што ја погодиле Латинска Америка во последните неколку децении.
