Нов напад на талибанците во близина на Кабул
28.12.2015 10:43
Цел на нападот биле најверојатно војници од НАТО. Портпарол на талибанците на Твитер објави дека групата ја презема одговорноста за нападот.

Еден цивил загина, а четворица се ранети во самоубиствен напад на талибанци со автомобил-бомба во близина на аеродромот во Кабул.
Цел на нападот биле најверојатно војници од НАТО. Портпарол на талибанците на Твитер објави дека групата ја презема одговорноста за нападот.
Пред една недела шест американски војници беа убиени во напад на талибанци во близина на базата Баграм, северно од Кабул.
Последниот напад беше извршен еден ден по посетата на Кабул на началникот на ГШ на пакистанската армија.
