Тројца турски војници загинаа во бомбашки напад
28.12.2015 11:27
Во нападот полесно се повредени уште две лица, од кои едниот е полицаец.

Тројца турски војници загинаа откако нивното оклопно возило нагазило на бомба поставена на еден пат во југоисточна Турција. Во областа претежно живеат Курди кои според властите се одговорни за нападот.
Во нападот полесно се повредени уште две лица, од кои едниот е полицаец.
Турција кон средината на декември почна голема воена операција против курдските бунтовници во југоисточните делови од земјата, во која досега загинале повеќе од 100 луѓе.
