Безбедносна закана во Лондон за новогодишната ноќ

28.12.2015 11:50

Вакво предупредување добиле и безбедносните служби на уште неколку западноевропски престолнини...

Британските безбедносни власти покренаа тревога во Лондон за пречекот на Новата 2016-та година во центарот на британскиот главен град, поради страв од можен терористички напад, откако разузнавачките агенции добиле предупредување за можен терористички напад како оној во Париз на 13-ти ноември.

Вакво предупредување добиле и безбедносните служби на уште неколку западноевропски престолнини, а руските власти ги предупредија жителите на Москва, порачувајќи им да останат во своите домови.

Властите во Лондон сепак не размислуваат за евентуално откажување на дочекот на 2016-та година во центарот на градот, предупредувајќи дека нема место за кревање паника.