Сирија: 30 жртви во три бомбашки напади во Хомс

28.12.2015 15:41

Во првата експлозија се разнел бомбаш- самоубиец, кусо потоа експлодирал и автомобил- бомба, по што била активирана уште една експлозивна направа.

Повеќе од 30 луѓе загинаа, а неколку десетици се повредени во три експлозии во центарот на сирискиот град Хомс.

Во првата експлозија се разнел бомбаш- самоубиец, кусо потоа експлодирал и автомобил- бомба, по што била активирана уште една експлозивна направа.

Нападите биле извршени во близина на болница во центарот на градот.