Заев ги предаде материјалите во Обвинителството

30.12.2015 17:03

Вели дека тоа го направил сега, бидејќи добил гаранција за нивната безбедност. Очекува во целост треба да се исполни договореното од пржино за да има фер избори.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги достави до Специјалното јавно обвинителство материјалите од прислушуваните разговори кои ги поседува. Вели дека тоа го направил сега, бидејќи добил гаранција за нивната безбедност. Очекува во целост треба да се исполни договореното од пржино за да има фер избори.  

Денеска опозицијата го заврши својот дел од обврската од договорот во Пржино и материјалите од прислушуваните разговори кои ги поседувавме се дадени на Специјаното јавно обвинителство. Претстои обемна работа за СЈО. Посакувајќи  им среќна нова година и многу успех во работата, оставивме материјал што дефинтивно гарантира многу работа. Граѓаните од СЈО кое  е формирано со договор на четирите партии очекуваат и се надеваат дека правдата во РМ повторно ќе се врати за секој граѓанин без оглед на нивната определба, изјави Заев.
 
Тој истакна дека очекуваат сите точки од Договорот од Пржино да бидат исполнети од сите учесници кои се вклучени во него, вклучувајќи ја работата на Анкетната комисија, донесување на законот за медиуми и прочистување на Избирачкиот список со цел, како што нагласи, создавање амбиент за кристално чисти избори.