Тијана ќе настапува осма на втората полуфинална вечер

21.01.2014 13:05

Од 6 до 10 мај во Копенхаген ќе се одржи изборот за песна на Евровизија, каде Македонија ќе ја претставува Тијана Дапчевиќ.

На вчерашното ждребување во „Сити хол“ во Копенхаген беше одреден редоследот на настап на 31 земја-учесничка: 16 натпреварувачи во првото полуфинале и 15 во втората полуфинална вечер. 

Македонската претставничка Тијана Дапчевиќ ќе настапи осма по ред во вториот дел од втората полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија.

„Евросонг 2014“ ќе се одржи на 6, 8 и 10 мај во Копенхаген. Вкупно 37 земји-учеснички ќе настапат на 59. издание на најголемиот музички натпревар.