Безбедни празници- без употреба на пиротехнички средства
Многумина дочекот на Новата година го означуваат токму со чинот на испукување пиротехнички средства. Има и млади со спротивни размислувања за еуфоријата околу прославата за највеселата ноќ во годината.

Ова може да ви се случи доколку испукате петарда. Децата пројавуваат желба да го сторат тоа, притоа незнаејќи ги последиците од нив. Многумина дочекот на Новата година го означуваат токму со чинот на испукување пиротехнички средства. Има и млади со спротивни размислувања за еуфоријата околу прославата за највеселата ноќ во годината.
„Многумина тоа го прават, но ние сме против тоа“, велат две млади момчиња.
Во пресрет на 2016-та, СВР Скопје со превентивни активности. Апелираат за среќни и безбедни празници во семејно и пријателско дружење, без петарди, оружје и насилство. Прзентираа, што може да настане при употреба на петарди.
„Направивме вежба како петарда пука во рака на девојче и ги откинува прстите. Тоа секако може да се случи“, вели Александра – волонтер на Црвениот крст.
„Целта е да ги избегнеме користењето на петардите со оглед дека постои голема опасност да бидат нанесени телесни повреди“, изјави Билјана Милевска – Одделение за превенција СВР Скопје.
Возрасните им сугерираат на младите дека не треба да се впуштаат во забави кои може да завршат со трагични последици, туку да изнајдат поинтересна забава. Им пречи и звукот од петардите.
„Од 5 ипол пукаат, од каде ги наоѓаат не ми е јасно. Вчера на Бит пазар имаше премногу петарди.“
„Многу се опасни, ама пак се употребуваат.“
„Се слушаат многу често, може да се повредат, деца се тоа“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.
Петардите, иако се неизбежниот декор за прославата на највеселата ноќ. Полицијата со апел до граѓаните да се воздржат од нивна употреба.
„Родителите да не им овозможуваат употреба на своите деца на овие средства, ниту пак да покажуваат преку сопствен пример дека петардите се прифатлива сценографија за време на празниците“, вели Катерина Стојкова – главен инспектор во Сектор за превенција.
Покрај превентивните, МВР и со активности за спречување на продажбата на пиротехнични средства. Пред новогодишните празници запленети се околу 27 илјади парчиња петарди и други пиротехнички средства, поднесени кривични пријави против двајца скопјани, и четири прекршочни.
Наташа Гркова- Петрушевска
