Белград подоговен за дочекот на Новата година
Најбројни се туристите од Словенија, Турција и Бугарија. Има и туристи од Македонија, кои покрај Белград најлудата ноќ ќе ја поминат по преубавите салаши во Војводина, Златибор и на Копаоник.

Од центарот на Белград, од Плоштадот на Републиката и познатата Кнез Михајлова, каде и покрај студеното време и познатата Кошава, наскоро ќе почне дочекот на најлудата ноќ. Белград е подготвен со накитени елки, лампиони, Дедо мразови, традиционалната музика на дувачките оркестри, печените прасиња и плескавиците да ја дочека Новата Година.
Иако поскромно од порано- 10.000 ресторани, кaфеани, сплавови... полека се полнат. Дочекот во просек ќе чини од 30- 40 евра, додека најскапо е во Краун Плаза, каде цената e 150 евра за самиот дочек.
Најбројни се туристите од Словенија, Турција и Бугарија. Има и туристи од Македонија, кои покрај Белград најлудата ноќ ќе ја поминат по преубавите салаши во Војводина, Златибор и на Копаоник.
Во Белград- најлудата ноќ ќе можат да ја поминат и на Плоштадот на Републиката со Лепа Брена, Стивен Сигал и Тропико бенд. Забавата ќе трае- до сабајле. Се очекуваат околу 150.000 туристи и заработувачка од 30 милиони евра. Инаку градот Белград вложи 170.000 евра за дочекот на Новата Година,
Сите со желба за поуспешна и помирна 2016 година и покрај најавените 35.000 отпуштања, покачување на акцизите на дериватите, пијалоците, тутунот... и на други производи, како и се поизвезните избори.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Србија за МРТ
