Поради страв од терористички напади, откажана Новогодишната прослава во Брисел
Сепак, ниту последните случувања, ниту покренатиот степен на безбедност на највисоко 4- то ниво, не ги обезхрабри Бриселчани, Новата година традиционално во духот на оваа европска метропола да ја прослават токму на Гранд Плаца. Екипата на МТВ ги праша дали се чуствуваат безбедно...

Во последен момент откажана е Новогодишната прослава во Брисел, поради закана од терористички напади. Белгиските власти вчера доцна попладнето за ова одлука ја информираа јавноста, која уследи по анализите, откако пред два дена во Европската престолнина беа уапсени две лица под сомнение дека планирале напади за време на празниците. Сепак, ниту последните случувања, ниту покренатиот степен на безбедност на највисоко 4- то ниво, не ги обезхрабри Бриселчани, Новата година традиционално во духот на оваа европска метропола да ја прослават токму на Гранд Плаца. Екипата на МТВ ги праша дали се чуствуваат безбедно:
„Да секако.“
„Се чувствуваме многу комфорно овде во Брисел. Ајде придужете ни се.“
„Да, се чувствуваме безбедно. Имам многу полција. Сигурно е“, велат граѓаните.
Повеќе од очигледно е дека освен Бриселчани, вечерва и голем број на туристи, Новата година ќе ја дочекаат токму тука, на Гранд Плаца. Зајакнатите границни, полициски контроли во Шенген зоната, немаа влијание на нивната одлука.
„Се беше во ред. Немавме никакви проблеми“.
„Не, засега немавме проблем. Бев во Италија минатиот месец. Има секако повеќе контрола. Денес пристигнав во Белгија. Никој ништо не ме праша. Се беше вообичаено.“
„Не, се беше нормално.“
„Не, никакви проблеми. Патувавме во многу градови. Луѓето се пријателски расположени“, велат туристите кои ги анкетиравме.
Освен под отворено небо, голем дел од граѓаните Новата година ќе ја дочекаат во ресторантите, кои поради безбедносната ситуација оваа година не работат во полн капацитет.
„За време на Божикните и Новогодишните празници вообичаено имаме многу гости, што не е случајот и со оваа година, пред се поради терористичките напади во Франција“, вели еден сопственик на ресторан.
Мир во светот, безбедност, повеќе пари и љубов си посакаа Бриселчани во Новата 2016-та година.
„Повеќе мир, повеќе безбедност, повеќе среќа... Посакувам се најдобро во светот. Се надевам ќе завршиме со војната во Сирија. Посакувам оваа година повеќе да се забавуваме. Оваа година беа и терористицките напади. За себе посакувам да бидам среќен со мојата девојка“, велат дел од граѓаните.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
