Лагард: Ќе ве разочара 2016 година
Веројатно зголемувањето на каматите во САД и успорувањето на растот на кинеската економија придонесуваат за несигурност и зголемен ризик од ранливост на економиите ширум светот, пишува Лгард во текст објавен во германскиот весник Ханделсблат.

Светскиот економски раст во оваа година ќе биде разочарувачки, оценува шефот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард.
Веројатно зголемувањето на каматите во САД и успорувањето на растот на кинеската економија придонесуваат за несигурност и зголемен ризик од ранливост на економиите ширум светот, пишува Лгард во текст објавен во германскиот весник Ханделсблат.
Освен тоа, растот на глобалната трговија значително е успорен, а падот на цените на сировините претставува проблем за стопанствата кои зависат од извоз на сировини.
Финансискиот сектор во многу држави и понатаму е слаб, а финансиските ризици на пазарите во развој растат, порачува таа.
Тоа укажува дека глобалниот раст во 2016 година ќе биде разочарувачки и неизедначен, смета Лагард. Додава дека ниската продуктивност, стареењето на населението и последиците од глобалната финансиска криза го кочат растот што ослабува проценки на среден рок.
Лагард предупредува дека растот на каматите во САД и јакнењето на доларот, може да доведат фирми во ситуација да не може да плаќаат свои обврски, а тоа би можело лошо да инфицира банки и држави.
