Саудиска Aрабија ги прекина односите со Иран

04.01.2016 11:14

Саудиска Арабија погуби 47 луѓе осудени за тероризам, вклучувајќи го и истакнатиот шиитски свештеник Ал Нимра којшто беше централна личност во 2011-та година во демонстрациите против режимот инспириран од Арапската пролет.

Саудиска Арабија соопшти дека ги прекинува односите со Иран поради упадот во Саудиската Амбасада во Техеран.

На персоналот на иранската дипломатска мисија им е даден рок од 48 часа да ја напуштат земјата. Саудиска Арабија погуби 47 луѓе осудени за тероризам, вклучувајќи го и истакнатиот шиитски свештеник Ал Нимра којшто беше централна личност во 2011-та година во демонстрациите против режимот инспириран од Арапската пролет.

Иранскиот заменик- министер за надворешни работи изјави дека со прекинот на дипломатските односи Саудиска Арабија не може да ја „прикрие големата грешка со погубувањето“ на истакнатиот шиитски свештеник.

САД упатија апел за намалување на тензиите до лидерите на Блискиот Исток и побараа од Саудиската Арабија да ги почитува човековите права.