Француската војска уништила фабрика за оружје на ИД
04.01.2016 11:17
Министерството за одбрана соопштило дека во воздушните напади изминатата ноќ цел била областа источно од Алепо, а операцијата ја спровеле бомбардерите рафал кои делувале заедно со коалицијата предводена од САД.

Француски бомбардери во Сирија уништиле погони за производство и складирање оружје кое требало да го користат екстремистите на Исламска држава.
Министерството за одбрана соопштило дека во воздушните напади изминатата ноќ цел била областа источно од Алепо, а операцијата ја спровеле бомбардерите рафал кои делувале заедно со коалицијата предводена од САД.
Франција им се придружи на коалициските сили во борбата против џихадистите од Исламска држава во Ирак во 2014 година, а во септември ја прошири операцијата и во Сирија.
