Ден на жалост во Штип по серијата сообраќајни несреќи

05.01.2016 10:08

Во сообраќајна несреќа загинаа две лица кај месноста четврти километар, на патот Штип-Радовиш. Возилото се излизгало и излетало од патот, паѓајки во Брегалница.

Лизгавите и замрзнати патишта и неприсопособена брзина зедоа два живота вчеравечер кај Штип. Во сообраќајна несреќа загинаа две лица кај месноста четврти километар, на патот Штип-Радовиш. Возилото се излизгало и излетало од патот, паѓајки во Брегалница.

Градоначалчникот на Штип, Захариев прогласи ден на жалост по повод серијата несреќи, во кои за само три дена од Новата Година, Штип загуби тројца млади граѓани.