Фрлени 185 тони сол на градските улици и булевари
Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите. Се препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, стои во соопштението.

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие фрлија 185 тони сол на градските улици и булевари поради ледениот дожд и за спречување на појавата на голомразица.
Екипите на зимската служба интервенираа на критичните точки односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите. Се препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, стои во соопштението.
Од Град Скопје потсетуваат дека булеварите и одредени градски улици се во надлежност на градот, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апел до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.
