МВР: За 24 часа издадени 1.422 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 571, Авганистан- 564 и Ирак- 287.

Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.422 странски државјани, од кои 637 се од машки пол, 292 се од женски, 488 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште пет деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 571, Авганистан- 564 и Ирак- 287.
Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 8.923 странски државјани, од кои, 3.663 се од машки пол, 1.893 се од женски, 3.335 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 32 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 3.587, Авганистан- 3.057 и Ирак-2.279.
До Секторот за азил поднесени се три барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 04.01.2016 година евидентирани се вкупно 22 баратели на азил од кои осум мажи, три жени и 11 деца со придружба на старател.
Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, единаесет баратели на азил (еден маж, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и шест малолетни лица без придружба на старател) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
