Терористички напади: Ал Каеда им се закани на Неапол, Рим и Мадрид
08.01.2016 13:27
Во изминатите неколку години, 130 жители на Шпанија им се приклучиле на радикалните исламисти, додека 175 лица се уапсени под сомнение за тероризам.

Терористичката организација Ал Каеда, преку видео порака им се закани на Неапол, Рим и Мадрид со терористички напади. Шпанските безбедносни сили веднаш почнаа да ја истражуваат автентичноста на видеото.
Во изминатите неколку години, 130 жители на Шпанија им се приклучиле на радикалните исламисти, додека 175 лица се уапсени под сомнение за тероризам.
Во меѓувреме, австриската полиција соопшти дека екстремистите од Исламска држава, за време на новогодишните празници подготвувале напади во Австрија, Германија и во Италија.
