Најдено скривалиштето на париските напаѓачи
08.01.2016 17:20
Најдени се траги од експлозив и отпечаток од бегалецот Салах Абделслам.

Белгиската полиција верува дека го нашла станот во Брисел во кој се криел еден од џихадистите по нападот во Париз на 13-ти ноември.
Најдени се траги од експлозив и отпечаток од бегалецот Салах Абделслам.
Станот бил изнајмен под лажно име, веројатно од лице кое веќе е во притвор. Во него се најдени траги од експлозив и три рачно изработени бомбашки елеци.
