Јемен: 4 жртви во напад врз болница на лекари без граници

11.01.2016 11:40

Двајца од повредените се во животна опасност. Нападот бил извршен во провинцијата Саада, која претставува цврсто упориште на бунтовниците Хути

Најмалку четири лица загинаа, а десетина се ранети во ракетен напад врз болница на хуманитарната организација „лекари без граници“ во северен Јемен.

Двајца од повредените се во животна опасност. Нападот бил извршен во провинцијата Саада, која претставува цврсто упориште на бунтовниците Хути, кои војуваат против јеменската влада и нејзините сунитски сојузници, предводени од Саудиска Арабија.

Болница на „лекари без граници“ беше уништена во октомври, додека нејзината клиниката во таиз беше ракетирана минатиот месец.