Рамади: Ирачките сили евакуирале 635 цивили

11.01.2016 11:47

Цивилите биле заробени во области каде што се уште има припадници на Исламска Држава...

Ирачките сили евакуирале 635 цивили од Рамади, град кој пред две недели го ослободија од екстремистите на Исламска Држава.

Стратешкиот град во централните делови на провинцијата Анбар е повторно во рацете на владините сили, но тие се уште не презеле целосна контрола. Цивилите биле заробени во области каде што се уште има припадници на Исламска Држава.

Ирачките сили уапсиле 12 осомничени борци на ИДИЛ кои се обиделе да го напуштат Рамади заедно со евакуираните цивили.

По Рамади, ирачките сили планираат да тргнат кон Мосул, најнаселениот центар под контрола на џихадистите.