Синот на Контантинос Мицотакис и брат на Дора Бакојани е нов лидер на Нова Демократија

11.01.2016 15:47

Новиот предводник на десничарската партија по победата најави дека тие ќе понудат нов план за излез на земјата од кризата. 47 годишниот банкар е син на поранешниот грчки премиер Константинос Мицотакис и брат на поранешната министерка за надворешни работи, Дора Бакојани.

Кириjакос Мицотакис е избран за лидер на грчката опозициска партија Нова Демократија. Новиот предводник на десничарската партија по победата најави дека тие ќе понудат нов план за излез на земјата од кризата.

„Обединети, се движиме напред кон креативно подмладување и проширување на партијата, со што Нова демократија ќе стане големата централнодесничарска партија која ќе понуди доверлива алтернатива на владејачката партија“, изјави Киријакос Мицотакис – лидер на Нова Демократија.

47 годишниот банкар е син на поранешниот грчки премиер Константинос Мицотакис и брат на поранешната министерка за надворешни работи, Дора Бакојани. Се очекува да биде жесток критичар кон гарнитурата на Ципрас во време кога се расправа за реформите на пензискиот систем.

Иако Кириакос Мицотакис досега јавно се чини дека нема излезено со личен став за проблемот што Атина го со нашето уставно име, тој веројатно варира од официјалната црвена линија за сложено име со географска одедница за вкупна употреба, па до онаа неофицијалната поддржана од дел од членството на Нова Демократија, според која што решението и не треба да го содржи терминот Македонија.

Неговиот татко, Контантинос Мицотакис се смета за еден од двајцата креатори на проблемот со името. Како премиер во 1991, заедно со тогашниот шеф на дипломатијата Антонис Самарас, офцијално го создадоа и означија почетокот на овој проблем.

Неговата сестра Дора Бакојани пак, беше шефица на дипломатијата во периодот кога Грција стави вето за членството на Македонија во НАТО Алијансата, на Самитот во Букурешт.

 

Марија Котовска- постојан дописник од Атина за МРТ