Екстрадиран обвинет за кумановските настани

15.01.2016 15:23

Кон крајот на октомври лани, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја прошири истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година.

Од Србија е екстрадиран македонски државјанин oсомничен за сторено кривично дело „тероризам“, поврзан со настаните во кумановската населба „Тоде Мендол“, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Кон крајот на октомври лани, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја прошири истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година.

Надлежниот обвинител издаде наредба за спроведување на истражна постапка​ за уште тројца македонски државјани, што во тој момент им беа недостапни на органите на прогонот.​