Кој е Емил Димитриев?
Роден е во Пробиштип 1979 година. По вокација е дипломиран социолог, но завршил и Воена академија за резервни офицери. Познавачите за него ќе речат дека е вистинското решение за премиерското место. Сметаат дека, дури и политичките конкуренти тешко ќе му најдат забелешки во кариерата.

Емил Димитриев ќе биде седмиот македонски премиер. Ќе ја предводи преодната влада во стоте дена, односно до изборите. Иако е технички, правно ќе има мандат за работа како и неговите претходници.
Роден е во Пробиштип 1979 година. По вокација е дипломиран социолог, но завршил и Воена академија за резервни офицери. Познавачите за него ќе речат дека е вистинското решение за премиерското место. Сметаат дека, дури и политичките конкуренти тешко ќе му најдат забелешки во кариерата.
Во 2011-та година, Димитриев станува пратеник, а претходно од 2008-ма година, работеше како заменик- министер за одбрана. Од 2013-та година е Генерален секретар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, задолжен за кадровски прашања и работа со членството на партијата.
Пред Емил Димитриев на жешката премиерска фотелја на „Илинденска“, седеа Никола Кљусев, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски и Никола Груевски,кој беше најдолго на чело на владата, девет години со четири мандати.
Андријана Атанасовска
