Еврокомесарот Хан во средината на февруари повторно во Скопје

20.01.2016 16:40

Од канцеларијата на еврокомесарот изјавија дека предвремени парламентарни избори на 24 април се можни, но дека треба да се направат итни чекори за исполнување на Јунско-јулскиот политички договор.

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, според најавите, треба да пристигне во Македонија во средината на февруари, за да ја согледа актуелната состојба со пречистувањето на избирачкиот список и со реформите во медиумите.

Од канцеларијата на еврокомесарот изјавија дека предвремени парламентарни избори на 24 април се можни, но дека треба да се направат итни чекори за исполнување на Јунско-јулскиот политички договор.

Опозициската СДСМ поладнево треба да решава за натамошните чекори поврзани со политичката состојба во земјава. Лидерот на партијата Зоран Заев, веќе најави дека нема да учествуваат на изборите на 24 април, но за тоа ќе расправа Централниот одбор.

Ќе се дискутира и за натамошното останување на министрите, Спасовски и Ременски, како и на дополнителните заменици - министри од СДСМ во владата. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот - избори на 24 април.

Државната изборна комисија комисија има целосна поддршка за процесите во насока за одржување на фер и демократски избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Либерално – демократската партија, пак, побара водечката четворка да се држи до договореното од Пржино.