Минусни темпретури низ Македонија
Најниска температура, минус 14 степени Целзиусови, во Македонија во седум часот изутрина е измерена во Берово...

Продолжува периодот на стабилно, суво и студено време. Најниска температура, минус 14 степени Целзиусови, во Македонија во седум часот изутрина е измерена во Берово, а минус 13 во Битола и минус 12 во Лазарополе, Дебар, Маврово и Тетово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје Петровец се измерени -11 степени, -10 во Тополчани, Прилеп, Куманово, Штип и Крива Паланка, - 9 Скопје и во Пожаране, -8 Охрид, Крушево, Демир Капија, Кавадарци и Струмица, -7 во Виница и Ѓуриште, -6 Претор, -5 Гевгелија и во Пожар и минус 3 во Дојран.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а преку ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Највисоката температура денеска во земјава ќе достигне од 0 до 6 степени.
