Во прекин Западно- балканската миграциска рута

21.01.2016 10:21

На јужната граница не се пропуштаат мигранти од Сирија, Ирак и од Авганистан. Според македонското МНР, по известувањето на колегите од Словенија за дефект на железничката пруга, времено е прекината Западно- балканската миграциска рута.

Запрен е влезот и транзитот на бегалците низ земјава. На јужната граница не се пропуштаат мигранти од Сирија, Ирак и од Авганистан. Според македонското МНР, по известувањето на колегите од Словенија за дефект на железничката пруга, времено е прекината Западно- балканската миграциска рута.

Во меѓувреме, се повеќе информации пристигнуваат од Австрија и од Словенија, за затворање на границите за бегалците, по временото суспендирање на договорот за слободен проток на луѓе низ Европа.

Од јужната македонска граница информираат дека немаат никаква комуникација со грчката страна и дека на самиот терен на железничкиот премин Сеово не може да се забележат грчките власти.