Хан во Македонија во средината на февруари
Брисел очекува конструктивна соработка од сите политички партии како единствен пат за напредок и за обезбедување фер и демократски избори...

Еврокомесарот Јоханес Хан во Mакедонија ќе дојде во средината февруари, потврдија од Eвропската комисија. Иако првично посетата беше најавена за 2-ри идниот месец, причината е густиот распоред на посети на земјите од неговиот втор ресор, соседска политика.
Брисел очекува конструктивна соработка од сите политички партии како единствен пат за напредок и за обезбедување фер и демократски избори.
Работата сега мора да се забрза. Ќе се вратам во Скопје во средината на февруари да го разгледам напредокот во подготовките за изборите, заедно со Државната изборна комисија и меѓународната заедница, порача Хан во писменото соопштение.
Претходно, комесарот Хан истакна дека е неопходно целосно имплементирање на Јунско-јулскиот договор.
