Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот
27.01.2016 13:12
Со едноминутно молчење им се оддаде почит на жртвите од холокаустот.

Скопје денеска повторно се потсети на ужасите од депортацијата на 7.144 -те евреи во логорот Треблинка. Најблиските повторно се присетуваат на најдрагите, чии животи за момент згаснаа.
Со едноминутно молчење им се оддаде почит на жртвите од холокаустот. По повод 27 јануари, меѓународниот ден на сеќавања на холокаустот, беше одржана комеморативна церемонија.
Ова е најтрагичната епизода од човековата историја, ова треба да биде аманет за сегашните и за идните генерации да не дозволат никогаш да не се повтори- заедничка порака од присутните.
