Стратегија за развој на полицијата 2016-2020: Професионална полиција по европски стандарди

27.01.2016 14:07

Презентирана е стратегијата за развој на полицијата 2016 – 2020. Во фокусот институционалната надградба и градењето капацитети на полицијата во граничното управување, работата со заедницата и борбата против организираниот криминал. Целта е подобрување на квалитетот во полициското работење и почитувањето на човековите слободи и права.

Силна и професионална полиција по европски стандарди, почитување на правата на граѓаните - ова се дел од стратешките цели во Стратегијата за развој на полицијата. Фокусот е на зајакнување на граничниот дел и борбата против криминалот со современи истражни методи. Ќе има обуки за полициските службеници.

„Планираните обуки за полициските службеници, имаат за цел да го поддржат и надополнат успешното имплементирање на стратегијата, од гледна точка на унапредувањето на знаењата, методите и вештините на професионалните кадри, во рамките на Бирото за јавна безбедност“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Очекувањата од проекот е да се создаде полициска служба во која доверба ќе имаат сите граѓани.

„Проектот почна пред една година. Период во кој правевме анализи и планови за негово спроведување. Ова е првиот чекор што ја отсликува визијата. Програмата за обука веќе е во тек. Денеск за нас фокусот е да се види каде сакаме да сме во иднина“, изјави Андреа ДАнџело, директор на проектот.

„Направивме скрининг детали на состојбите, на централно, регионално и локално ниво. На крај завршивме со СВОТ анализи и истот го имаме потврдено со пристап кој фактички ни овозможува квалитет“, вели тим- лидерот Александар Кребл.

Проектот за рефорсмки процес во МВР е финансиран од Европската унија.

 

Наташа Гркова- Петрушевска